Воздухот во Скопје периодов е многу загаден. Клиниките се полни со пацинети. Мерките против загадувањети стапија на сила.

Поради загадениот воздух секоја година во Европа прерано умираат 400.000 лица. Ова го изјави за Бугарската национална телевизија, комесарот на Европската Унија за животна средина, поморство и рибарство, Кармен Вела.

Во врска со тоа дали загадувањето на воздухот е најголемиот еколошки проблем за Бугарија и за целата ЕУ,  Вела рече дека загадувањето на воздухот е глобален проблем не само за Европа, туку и за целиот свет.

„Секоја година во Европа предвремено умираат 400 илјади лица поради лошиот квалитет на воздухот. Овде не ги вклучувам хроничните заболувања што ги развиваат нашите граѓани. Сите земји-членки треба да сторат повеќе, Бугарија не е исклучок“, рече Вела.