Огромно лизгалиште во близина на Скопје (фото)

За изготвување проект за ревитализација на СРЦ “Треска” , Град Скопје пред една година определи 7 милиони денари што ќе се реализираат во рок од три години. Деновиве проектот доби поддршка и од Владата.

Во моментов ниските температури ја замрзнале и онаа малку вода во езерото што во меѓувреме паднала од атмосферата.

СРЦ “Треска” во моментов е речиси целосно нефункционален. Водата во езерото беше испразнета пред некоја година, а ниските температури ја замрзнале и онаа малку вода што во меѓувреме паднала од атмосферата.

Мразот е дебел од 8 до 10 сантиметри по краевите на езерото, но на некои места забележавме заледени санти со дебелина и до 15 сантиметри, правејќи го едно огромно лизгалиште.

И околу езерото е насекаде бело. Петнасетината сантиметри снег го покриле ѓубрето кое можеше есенва да се види насекаде. Угостителските објекти не работат, а сопствениците на камп-приколките велат дека се поретко доаѓаат.

Фото: Ѕ.Плавевски/Вечер