Ограбена жена во ГТЦ, крадците избегале со плен вреден околу 4.500 евра

Жена е ограбена пред два дена во Градскиот трговски центар во Скопје, соопшти полицијата.

Две непознати лица ја искористиле невнимателноста на Л.С. (47) од Австралија и и одзеле торба во која имало паричник со околу 3.000 австралиски долари и 8.000 денари, лап-топ компјутер, мобилен телефон и други лични предмети.

На тој начин сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 272.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.