Ограбена банка во Скопје, одземени околу 100 илјади денари и 1.500 евра

Утрово во 8,50 часот било пријавено дека на улица “Благоја Стефковски“ во Скопје, во филијала на “Стопанска банка“ непознато лице маскирано и вооружено со пиштол, со закана од вработените одзел околу 100.000 денари и 1.500 евра.

По ова, арамијата го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.