Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Спортска обложувалница била ограбена синоќа со Скопје, информираат од МВР.

Синоќа околу 21.20 часот во Скопје, во спортска обложувалница на ул.„Тале Христов“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработените одзел неутврдена сума пари, по што побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.