Ограбена аптека во Чаир

Вооружено лице со пиштол ограбил аптека во опшина Чаир при што од вработената одзел над 250 евра.

Како што соопшти МВР, вчера во 20:55 часот во  аптеката „Молика“ на улицата „Цветан Димов“ бб, непознато лице вооружено со пиштол со закана од вработената И.У (1988) од Скопје, одземало околу 16.000 денари од дневниот промет.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.