Одлична шанса за оние кои сакаат да патуваат и да заработат- плата над 30.000 долари

Клубот на патувачи Thirdhome е во потрага по работник кој ќе има за задача да патува околу светот цели 3 месеци, со сите платени трошоци и плата од 10.000 долари месечно. Притоа, тој ќе престојува во најлуксузните вили за кои сме слушнале. 

Совршениот кандидат мора точно да знае да зборува Англиски јазик, мора да го цени луксузот којшто му се пружа, односно потребно е да ги споделува своите искуства со останатите луѓе преку блог, в-лог и другите социјални медиуми. Исто така, личноста мора да биде образована и да има слободно време за да патува во текот на целата година.

Потребно е и искуство со социјални мрежи, пишување, а добредојдени се сите оние кои имаат блог или в-лог. Ова значи дека агенцијата трага по лица со одлични способности за изразување, пишување и фотографирање на сите места и знаменитости коишто ќе ги посетува. Исто така, лицето треба да биде искусен патник.

За да се пријавите потребно е само да имате важечки пасош, возачка дозвола и да немате досие за сторени прекршоци. Можат да аплицираат само лица постари од 18 години ама затоа тие можат да потекнуваат од било кој дел од светот. Доколку сте заинтересирани, испратете едноминутно видео во кое ќе докажете дека вие сте најдобриот кандидат за оваа работа, а пријавите треба да ги испратите на bestjobontheplanet@thirdhome.com. Дополнителни информации можете да побарате на веб страницата или фејсбук страницата на компанијата.

И не заборавајте! Клубот ви овозможува со себе да го повикате својот партнер или вашиот најдобар пријател. Патните трошоци на таа личност нема да бидат платени, но затоа сите трошоци на дестинацијата ќе бидат покриени. Локацијата на којашто ќе се патува е се’ уште непозната, но тоа што е познато е дека среќниците кои ќе бидат избрани ќе имаат шанса да престојуваат во 12 вили.