Од утре во Македонија и на северната хемисфера почнува летото

Од утре во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено на јужната полутопка настапува зимата.

Во Македонија летото почнува во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. 

На првиот ден од летото, според најавите од синоптичарите, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Веќе од петок се очекува поизразена нестабилност со поројни дождови и посвежо време. 

Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента. 

За да видете среќни цела година, утре според народните обичаи и верувања треба да направите две нешта. Се смета дека денешниот ден треба да се искористи за почеток на се она што го сакаме, а успехот ќе биде загарантиран. Се верува дека ако започнете диета ќе ослабете. Потребно е да се обнови и гардеробата. Онаа која сте ја носеле претходно може и да ја подарите некому.