Од соседна Албанија лекари се иселуваат, а на нивното место доаѓаат и лекари од Македонија

Од соседна Албанија лекари се иселуваат, а на нивното место доаѓаат и лекари од Македонија за да работат. 

Фактор број еден се платите. 

Од 240 лекари кои дипломирале годинава, повеќе од 100 сакаат да ја напуштат земјата, тврди претседателот на Здружението на албански лекари,Фатмир Брахимај.

Тој вели дека во Албанија доаѓаат странци да се грижат за здравјето на албанските граѓани. Засега имаат евидентарни 35 странски лекари. 

„Тие се главно Италијанци, Грци, Македонци, Турци и Сиријци“ – додава тој.

Вели дека албанските лекари се предводат од мотото „Диплома во Албанија, работа надвор од неа“. 

Поради масовното заминување на здравствените работници албанската Влада најави мерки за намалување на оваа појава.

Годишно им заминуваат околу 150 лекари, а за осум месеци  земјата ја напуштиле околу 3.000 медицински сестри. Само во Германија во последните неколку години вработени се 520 албански лекари. 

Истиот проблем се случува и во Србија и Хрватска која е дел од ЕУ. Откако влегла во ЕУ, расте бројот на лекари кои се иселуваат.