Новата песна на Тоше Проески насловена „Light the flame“ беше промовирана на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде се одржа „Ѕвездено небо за Тоше“.
Се одбележуват 10 години од последниот концерт на Тоше Проески, по чиј повод фан-клубот „Тоше Проески“ и Фондацијата „Тоше Проески“ традиционално го организираат овој настан.