Обично не се откажувам од нештата, но се откажувам од љубовта...

Обично се трудам да бидам храбра. Да имам надеж. Се трудам да бидам оптимист, но во последно време реалноста ме предизвикува... таа врне врз моите виножита и фрла сенка над моето сонце.

Уморна сум од игри на погодување, прашања, непроспани ноќи, анализирање, пораки кои не значат ништо и уморна сум од тоа да се давам себеси само за да бидам разочарана.

Уморна сум од тоа да ми кажуваат дека тие едноставно не се грижат, дека не вредат и дека заслужувам подобро.

Уморна сум од тоа да паѓам на оние на кои не им е гајле, на оние кои не се сериозни, на оние кои мислат дека сум добра само за одредено време, но не засекогаш и уморна сум од оние кои прават да се чувствувам како да е моја вина...

Уморна сум од тоа да ги слушам моите пријатели како ми кажуваат да продолжам понатаму затоа што тие мислат дека не е правилно и дека врската не води никаде. Уморна сум од тоа да слушам дека е губење време, дека треба да го чекам тој што ќе ме обвива со љубов и внимание.

Уморна сум од тоа да се чувствувам дека треба да престанам да бидам тоа што сум за да најдам љубов. Уморна сум од чувствува дека никој не ме прифаќа таква каква што сум, затоа што сум тешка за сакање.

Уморна сум од тоа да не ја пронаоаѓам љубовта, затоа што сум тоа што сум.

Секогаш им велам на луѓето да се обидуваат, да ги отворат своите срца, да дадат уште една шанса, да ги скршат сопствените срца, но во последно време мислам дека не треба да бидам полна со поддршка и искрено веќе ништо нема смисла за мене.

Ми нема смисла постојано да ми се крши срцето кога се што сакав беше љубов. Ми нема смисла тоа што ги покажуваме своите најдобри делови само за тие да ни ги покажат своите најлоши. Ми нема смисла тоа што колку повеќе сакаме некого, толку повеќе не игнорира. Ми нема смисла тоа што токму во моментот кога си подготвен за љубов, љубовта ти бега.

Едноставно ми нема смисла.

И не можам да се држам и да верувам во нешто коешто повеќе ми нема смисла.

Не можам да верувам во нешто толку непредвидливо, иритирачко и болно.

Не можам да верувам во нешто коешто прави да не верувам во себе.

Не можам да верувам во нешто коешто не можам да го пронајдам.

Затоа, можеби единствената работа која има смисла е да се откажам. Можеби ова е единствената ситуација во која откажувањето е паметна одлука, затоа што откажувањето од нешто коешто очигледно не те сака е ослободувачки.

Се откажувам од љубов затоа што изгледа дека љубовта одамна се откажала од мене.