Нови детали за вчерашната тепачка во Скопје Сити Мол

Вчера Скопјеинфо извести за масовна тепачка во Скопје Сити Мол. Новите детали до кои дојдовме денес е дека тинејџер е прободен со нож и истиот тешко повреден е пренесен на Ургентен.

Според информациите на МВР, вчера околу 20 и 15 часот на терасата на трговскиот центар настанала расправија при што С.С. (18) од село Кондово со нож го прободел шеснаесетгодишник од Скопје. 

Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Напаѓачот е приведен.