Тепачка во Скопје Сити Мол, едно лице на ургентен

При тепачка во Скопје Сити Мол помеѓу малолетници настрадано е едно лице и според болнички информации лицето е префрлено во Ургентниот центар. Од МВР само го потврдуваат немилиот настан и работат на расветлување на случајот.  

Во трговскиот центар евидентирано е зголемен број на полиција и обезбедување.

Според информациите немилиот настан се случил на терасата во Скопје Сити мол којашто се наоѓа на вториот кат. Покрај нападот трговскиот центар работи без прекин, вратите се отворени за посетителите.