Нови цени на горивата

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,25% или за 11,40$/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,83% или 12,575 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,52% или за околу 10,063 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,25 %.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,35%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 20.03.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 20.03.2017година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,319 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.03.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 25,636 ден/кг.