Нова супер понуда за сите корисници на Телеком

Во пресрет на новогодишните празници, Македонски Телеком воведува нова понуда за „Магента 1“ наречена  „фамилијарен буџет“. Корисниците кои ќе ја искористат понудата ќе добијат заеднички буџет со кој ќе може да одберат смарт телефон, таблет или телевизор. 

Износот на фамилијарниот буџет зависи од минималната месечна обврска за мобилните линии во рамки на Magenta 1 пакетот.

- Со специјалната празнична промоција, корисниците на Magenta 1 S  можат да купат LG Leon смартфон за 1 денар, Magenta 1 М - SAMSUNG Galaxy TAB 3 таблет со надворешна тастатура за 1 денар, а Magenta 1 L телевизор Toshiba 32E2533DG HD ready за 1 денар, соопшти денеска Македонски Телеком.

Понудата важи за сите нови и постојни Magenta 1 корисници.