Тазе си е тазе! Секојдневно точно за ручек нови лебови од Специјал

Најголемиот ланец на пекари на територија на град Скопје, Специјал на пазарот ја лансираше новата линија на вкусни домашни лебови под слоганот  “Тази си е тазе”. 


Новата линија ја сочинуваат три видови на леб, а на полиците на Специјал може да ги пронајдете под имињата Лазар, Ловечки леб, Леб со хељдино брашно.

“Во време на динамично темпо на живот за нас е од исклучителна важност да ги следиме потребите на нашите долгогодишни клиенти и да ги задоволиме нивните барања. Токму поради тоа воведовме нова линија на лебови кои секојдневно точно во 15.00 часот ќе бидат на полиците на сите наши пекари. На овој начин граѓаните кои многу често имаат проблем да најдат топол леб во попладневните часови, по завршувањето на работните обврски ќе уживаат во ручекот со свежо подготвен леб. Новите лебови се одликуваат со врвен квалитет, крцкава кора и свежа мека структура ”, велат претставници на Специјал.

Она што е уникатно за новата линија на лебови е нивниот рустикален изглед, добиени односно замесени по старинска постапка, со многу малку квасец и долга ферментација. За Лазар и Ловечкиот леб карактеристична е јасно изразената и продолжена свежина, првиот Лазар е изработен со бели, а Ловечкиот со црни брашна.

Лебот со хељдино брашно, освен што има карактеристична форма, ќе се грижи и за здравјето на своите консументи  преку  регулирање на нивото на шеќер во крвта и хормоните благодарение на скробот кој го содржи во себе , а ќе ги намалува и липидите во крвта. Овој леб е богат и со минерали, а посебно со железо.Трите видови на леб се изработуваат без употреба на бои и конзерванси. 

Со воведувањето на новата линија на лебови, Специјал уште еднаш потврдува дека постојано работи во корист на задоволување на потребите на своите потрошувачи и значително зголемување и подобрување на квалитетот и понудата во делот на лебот и белите пецива.