Нова цена на горивата во Македонија

Овој понеделник Регулаторна Комисија за Енергетика ја носи новата одлука за цените на горивата. По две недели, новата цена ќе покаже дали ќе воизме поскап или поевтин бензин и дизел, а одлуката ќе важи од понеделник на полноќ.

Бензините со последната одлука донесана пред две недели поевтинија за 2 денари по литар, цената на дизелот се намали за 1,5 денари.

Така, литар ЕУРОДИЗЕЛ БС 95 се продава за 60,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 62,5 денари по литар.
ЕУРОДЗИЗЕЛОТ изнесува 46.5 денари за еден литар. 
За 1,5 денари поевтинија и екстра лесното масло за домаќинство. Цената до понеделник ќе изнесува 35 денари за литар.