Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, ” Христијан Тодоровски Карпош”, „Цветан Димов”, „Митрополит Теодосиј Гологанов” и булеварите „Јане Сандански”, „Партизански одреди” и „Србија”.
Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19 до 1 часот се извршени контроли и се преземени 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица „Кисела Вода”, поради сомнение за сторен царински прекршок.
Во текот на претходната акција (08/09.05) беа регистрирани 15 прекршоци. Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.