Неочекувани работи што можат да ви го расипат сонот

Сите веќе знаеме дека пред спиење не е добро да се пие кафе и да се вежба, но тоа не е се. Има многу ситници што можат да ви го расипат добриот сон.

Паста за заби од ментол

Истражувањата покажуваат дека ментолот разбудува, затоа  пред спиење подобро измијте ги забите со паста за заби со некој друг вкус.

Сакате добра книга

Гледањето телевизија пред спиење го заменивте со читање книга надевајќи се на подобар сон? Сепак истражувањето покажува дека книгата која е возбудлива и бара емоционален и интелектуален ангажман само му штети на сонот. Најдобро е да се префрлите на некое полесно и порелаксирачко четиво.

Пушите пред спиење

Никотинот е стимулант заради кој е потешко да се заспие. Ако не можете во потполност да престанете да пушите, тогаш престанете барем да пушите пред спиење.

Миење со ладна вода

Иако е добро за затварање на порите, миењето со ладна вода разбудува па подобро тоа сочувајте го за наутро, а навечер мијте се со топла вода.

Лимон

Чајот со лимон може да изгледа како одлична идеја особено за време на настинки, но прескокнете го лимонот пред заспивање ако сакате добро да спиете. Лимонот разбудува и го крева нивото на енергија а тоа никако не ви треба пред заспивање .

Таблети

Некои таблети, и витамини како Б6 и Б12, вклучувајќи и стероиди, можат лошо да влијаат врз вашиот сон.

Невоедначени прехранбени навики

Ако јадете подоцна навечер, тоа е во ред, се додека го правите тоа секоја вечер. Имено, како што покажуваат истражувањата, конзистентноста е важна кај исхраната и ѕиркањето во фрижидер после вечера може да ви ја расипе не само диетата туку и сонот.