Важните животни настани во текот на сонот остануваат во долготрајно сеќавање

Британско истражување чиишто резултати наскоро ќе бидат објавени во списанието Journal of Sleep Research спроведено над 80 лица, покажало дека во текот на сонот важните настани во животот најверојатно ќе останат во долготрајно сеќавање.

Во студијата учествувале 80 лица коишто не го познавале велшкиот јазик, а на велшките зборови биле подучувани во бидна состојба или во текот на сонот. Оние на коишто зборовите им биле изговарани во текот на сонот покажале зголемена способност за учење, односно за запомнување, а ефектот бил поголем кај лицата кои зборовите ги поврзувале со некој важен настан од животот.

Сознанијата упатуваат на тоа дека сеќавањата и спомените коишто единката ги доживува како важни, нејзиниот мозок им дава „повластен третман“ во текот на сонот. Од претходно беше познато дека сонот влијае на тоа сеќавањата и спомените да станат потрајни, но ова истражување е првото коешто покажува дека на тој ефект влијае и тоа во која мера на одредено лице некои сеќавања му се важни.

„Самиот факт дека нечиј став или уверување влијае на тоа кој начин мозокот ќе процесуира одредени настани во текот на сонот се вџашувачки“, вели професорот Марк Блејгров од Универзитетот Свонси, кој го водел истражувањето со колешката Елејн ван Ријн.

Тестот е спроведен над студенти, коишто зборуваат англиски јазик а кои неодамна пристигнале во Велс и претходно не живееле во тој дел од Велика Британија.

Со помош на компјутерската апликација на учесниците им се претставени 28 велшки преводи на англиски зборови. Апликацијата го мерела непосредното запаметување на зборовите, а потоа и колку зборови лицето запаметила, по најмалку шест часови сон или по будната состојба.

Учесниците морале да оценат во која мера велшките зборови и поврзуваат со некој значаен настан во животот. Во групата испитаници која спиела е востановена значајна корелација меѓу велшките зборови со поважните настани во животот и бројот на запаметените велшки зборови.