Неколку општини од Скопје утре ќе останат без струја

Според известувањето од ЕВН Македонија АД, утре ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во четири скопски општини. Причината за ненапонската состојба е не е наведена, а без струја ќе бидат одредени улици од општините: Гази Баба, Илинден, Чучер Сандево и Чаир.

Во известувањето на  ЕВН Македонија АД се наведува дека на 15.07.2022 година,

Петок, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

  • во периодот од 08.25 до 13.00 часот, корисниците лоцирани во близината и околу дооел Лек – Скопје на ул. Перо Наков. ( општина Гази Баба )

  • во периодот од 08.30 до 09.30 часот, дел од корисниците од ул. Џон Кенеди бр.27. ( општина Чаир )

  • во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Мирковци ( општина Чучер Сандево ) дел од корисниците од ул. Миладиновци, како и дел од корисниците од ул.2, 5 и 7 во село Миладиновци. ( општина Илинден )