Некои дошле, а некои си отишле: Сепак, најмногу од сѐ - цени се и сакај се себе

Мојата баба имаше сестра, која семејството не ја одобруваше. Знаете ли зошто?

Не заради тоа што живееше сама. Не заради што не беше мажена и немаше деца. Не заради тоа што имаше љубовник. Туку затоа што доаѓаше на семејни собиранки само кога таа сакаше, иако беше канета на сите. И затоа што имаше храброст да го исклучи телефонот кога не ѝ се зборуваше со никого. И сите ја критикуваа: „Зошто таа одбира со кого да зборува, а со кого не?“

А сѐ беше многу едноставно, таа се сакаше себеси повеќе од што ги сакаше другите. И не сакаше ништо да ѝ пречи на удобноста. 

Дали се каеше поради своите избори?

Не, воопшто. 

Умре на 93 години, а до 87 сѐ уште шеташе и се гледаше со другарките. Секогаш изгледаше модерно и негувано, а до 70 години со партнерот одеа на патувања низ светот. Таа сама си купуваше на интернет и не бараше помош од никого. 

Таа е поука за сите нас: во секој поглед најмногу да се сакаме и цениме себеси. 

Сѐ останато е минливо. Некои дошле, некои си отишле. 

Тука не се работи за пропаѓање и осаменост – туку за најважната личност во важиот живот. 

Јас сум. Барем во мојот живот. 

А ти си во твојот.