Некаде се дозволуваат венчавки без кум, но што значи кумството во Македонија

Една од најважните улоги на свадбата ги има кумот/кумата. Во минатото кумството се наследувало, а денес најчесто во Македонија, прво се прашува стариот кум на младоженецот дали би сакал повторно да биде кум и да го венча. Но многу почесто кумот е личен избор на самите млади, а тоа е најчесто некој добар другар/другарка на младоженецот или невестата.

Зошто постои кум на свадба?

Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите верувања, кога младоженецот тргнувал да ја ”фати” невестата.

Најчесто, неколку добри прилатели вклуќувајќи и еден лидер го подржувале, добро наоружани. Овие  така наречени ”војници” го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, или пак и против фамилијата на невестата од каде што таа требало да биде украдена.

Како што минувале вековите и опасноста од киднапирањето на невестата пополека стивнувало, обичајот останал, така што денес кумот и старосватите, го подржуваат младоженецот на свадбата.

 Дали можете да бидете кум/а?

Кум/а на свадба не може да биде некој што не е крстен во црква, исто така и неможе да се венча некој што не е крстен. Доколку не сте крстени ќе морате тоа да го направите пред свадбата.

Без разлика дали имате партнер/ка или не, и дали сте маж или жена, можете да бидете кум/а.

 Кои се обврските и трошоците?

Треба да присуствувате на целата свадба од самиот почеток до крај. Вие доаѓате заедно со младоженецот по невестата и ја имате една од најважните улоги на свадбата, веднаш после младоженците.

Во однос на обврските на кумот и кумата за време на венчањето во црква треба да обезбедат свеќи и платно, и да се плати дел од трошокот за црквеното венчање. Во врска со точната сума треба да се консултирате во црквата и да го поделите трошокот со сваросватот. Постапката на венчањето ќе ви ја објасни попот.

Кумот е и сведок на венчањето во матично што значи ќе треба да присуствувате и таму.

Кумот/кумата доколку сакаат треба да донесат торта на свадбата. Во врска со ова треба да се консултирате со невестата , младоженецот и со ресторанот, бидејќи во ресторан не е дозволено сами да си донесете торта.

Бидермаерот на невестата најчесто и го подарува кумот/кумата, и тоа кога ќе дојдат по невестата, но во врска со ова секако ќе се консултирате со невестата. Дозволете и неа сама да си го одбере бидермаерот, а вие платете го и однесете и го на денот на свадбата.

И, секако треба да обезбедите подарок кој најчесто е во консултација со младоженците, и најчесто е пари.

Секако треба да бидете спремни и за музиката која е со вас во текот на целиот ден, и која цело време ќе се врти околу вас и околу младоженците, секако и за нив спремете пари.

Во Македонија во различните делови од земјата постојат повеќе обичаи кога се во прашање свадбите. Но, овие кои ги набројавме погоре се најважните.

 Секако за крај потребно е многу позитивна енергија и да уживате во кумството, бидејќи и тоа е еден од најубавите моменти во животот.

Во почетокот на идната година во Словенија стапува на сила закон со кој Словенците ќе можат да се венчаваат без присуство на кумови.

Предбрачните договори ќе бидат отворена законска можност, јавија словенечки медиуми.

Досега во таа држава беше со законска обврска присуство на кум на венчавка, но законодавецот прифати толкување дека нивната класична улога, како лице кое потврдува идентитет на младоженците, во современото општество е непотребна.

Младенците во иднина пред началникот на општина, кој ќе биде во функција на матичар, ќе можат да се идентификуваат само со лични документи, а кумовите како сведоци ќе бидат на церемонијата само ако тоа го сакаат младенците.

Со новиот закон се отвора можност и за предбрачен договор за регулирање на имотните односи на сопружниците, како и заверена изјава за одредување кој ќе преземе грижа за децата во случај на смрт или трајна неспособност сами да остваруваат родителски права.