Наскоро во функција спорстката сала во Домот „11 Октомври“

Новоизградената спортска сала „Мајка Тереза“ во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје наскоро и официјално ќе почне со работа. Станува збор за инвестиција од 30 милиони денари што се простира на површина од 1.160 метри квадратни и е реализирана преку Агенцијата за млади и спорт.

Салата е со стандардни димензии за мал фудбал од 40 на 20 метри и ќе биде наменета за поголем број на спортови и гимнастика за децата од Домот, но ќе можат да ја користат и луѓето што живеат во близина, како и спортски клубови. Има две соблекувални со санитарни чворови со туш кабини и простории за чување на опремата и неопходни реквизити за тренинг на спортски клубови. 

Увид во градежните активности денеска извршија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и директорт на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

- Оваа сала не беше планира во 35-те сали кои ги изгради Агенцијата за млади и спорт, но подоцна увидовме дека е добро да се направи за децата од Домот, но и за овој дел од градот кој е многу густо населен и и има многу малку спорски сали, изјави Груевски по увидот.

Тој нагласи дека за две недели во салата ќе биде донесена опрема и за бокс и оти во неа ќе тренираа нјмалку два боксерски клуба.

Директорот Спасески посочи дека салата е обложена со пластичен полимер според меѓународните стандарди и има стакла кои се отпорни на кршење, огноотпорни врати и е енергетски ефикасна.

- Во строгиот центар на Скопје немаше ваква сала и професионалните спортски клубови веќе сакаат да тренираат тука. Салата е изградена вон проектот за изградба на 35 спортски сали. Практично е 266-от спортски објект што Агенцијата го има изградено во изминатите 10-тина години. Станува збор за севкупна инвестиција од околу 43 милиони евра со која  се реализирани 37 нови спортски сали, реконструирани две веќе постоечки, изградени 50 фудбалски спортски игралишта, спортска карпа за качување на кејот на Врадар, 89 тениски терени, 70 повеќенаменски спортски игралишта, 10 фитенс  зони и седум помошни спортски игралишта. Генерално не постои населено место или општина каде не е инвестирано, рече Спасески и додаде дека преку Министерството за образование и наука се изградени дополнителни 70 спортски сали.

Најви дека во завршна фаза на градба се и спортските сали во селото Бучин во општина Крушево и во Шуто Оризари за кои рече дека очекува да бидат готови до крајот на следниот месец.