Арачиново ќе добие нова општинска зграда

Постојниот административен објект во кој се наоѓа во општина Арачиново е во лоша состојба и веќе подолг временски период се јавува потреба за реализација на еден ваков проект.

Во дневните весници вчера беше објавен повикот до градежните компании за доставување на понуди за изведба на административниот објект. Локалните власти ги очекуваат понудите од заинтересираните субјекти најдоцна до 7 август.

 За изградба на новата општинска зграда во Арачиново веќе е изработена проектна документација. Финансиската конструкција за проектот е обезбедена преку грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услуги.

Во соработка со Build.mk.