Наскоро нов кружен тек во Кисела Вода

Советот на Град Скопје на својата 56-та седница го усвои Предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година.

Буџетот на Град Скопје за 2016 година изнесува 6,9 милијарди денари, што претставува зголемување од 16 проценти во споредба со Буџетот на Град Скопје за 2015 година. Основниот буџет на Град Скопје за 2016 година изнесува 4.798.816.000 денари.

Во буџетот се планирани неколку значајни капатални проекти за општината Кисела Вода, а од нив најважни се:

Реализација на третата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булевар Борис Трајковски на потегот од фабриката „Стакларница“ кон населбата Драчево;

Продолжување на булевар Србија до улица Христо Татарчев, каде што ќе се изгради голема кружна крстосница;

Реконструкција и проширување на улица Павел Шатев;

Изградба на улица Есенинова;

Реконструкција и одржување на улица Народни Херои.