Кружниот тек во Кисела Вода разубавен со ново сезонско цвеќе

Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ информираат дека континуирано и секојдневно теренските екипи ги реализираат активностите за уредување на зеленилото во грижата на севкупните површини низ градот.

- Деновиве екипите го реализираа и оплеменувањето на цветната површина со сезонскиот тагетес на зеленилото на кружниот тек во општина Кисела Вода. Жолтата нијанса на цветот разиграно се проткајува низ зеленилото давајќи целина на просторот, информираа надлежните за одржување на зеленилото во градот.