На 13.02.2018 година во 13,00 часот М.М.(67) од Скопје  пријавил дека во населба Ѓорче Петров на улица „Новопроектирана“, на околу 5-6 метри од патот, пронашол огнено оружје пиштол.

Од страна на полициски службеник излезено е на местото на настанот, при што е утврдено дека се работи за пиштол марка „Берета“. Оружјето  е подигнато за понатамошна  постапка.