Во 02 часот и 41 минути во Скопје на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ непознато лице извршило разбојништво над 29-годишната Д.Р. од Велес, со привремен престој во Скопје.
Откако девојката излегла од лифт на четвртиот кат, го забележала непознатото лице како стои во ходникот и продолжила пешки по скалите, но тогаш тој одзади ја фатил за коса, ја удрил по лицето и и ја земал кесата која ја носела во рака, а во која имало работна униформа. После тоа со трчање го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.