Нападнат скопјанец додека се возел со семејството

Скопјанец бил физички нападнат сред бел ден во Дебар Маало додека се возел со автомобил со своето семејство.

Тој вчеравечер пријавил дека околу 17 часот со сопругата и двете деца поминувал на улицата „Антоние Грубишиќ“ кога три непознати лица почнале да удираат по возилото. Откако излегол од автомобилот, сторителите физички го нападнале и му нанеле телесни повреди.

Напаѓачите потоа се качиле во автомобил со скопски регистарски ознаки и понегнале во непознат правец.

Во возилото, освен пријавителот, се наоѓале неговата сопруга и двете деца. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.