Постојано созреваме. Што и да ни се случува во животот, тие ситуации се наши лекции кои ни помагаат да созрееме. Дури и кога ни изгледа дека сиот свет е против нас, времето не запира. Тогаш растеме и созреваме.
Дури ни на последното „збогум“ кое никогаш не мислевте дека ќе го чуете, на најтешките зборови од пријателите, на губењето на родителите, времето не запира. И тогаш созреваме. Тогаш созреваме најмногу. Најмногу растеме во темнината и во најтешките моменти. Во загубите и опоравувањето и сите тешки моменти кои мислиме дека нема да ги преживееме.
Тогаш сме најсилни.
Тогаш ја добиваме најголемата сила. Тоа е дел од животот. Тоа е дел од нас за кој сме многу малку свесни.
Ќе се будиме секое утро молејќи се за подобри денови и тие ќе дојдат. Но, во меѓувреме ќе стануваме посилни и посилни. Ќе се справиме со сите нешта кои ќе ни ги фрли животот. Сѐ што чувствуваме, сѐ што носиме во себе е важно.
Тие работи нѐ прават и посилни и понежни – во исто време. Ќе го видиме тоа еден ден, ќе сфатиме сѐ. Ќе станеме свесни колкава сила носиме во себе.
Ќе се откриеме себеси и ќе дознаеме колку сме силни.