Над 100.000 граѓани во Скопје, преполни улиците од Градска Болница до Палома Бјанка!!! (СНИМКА ОД ДРОН)

Цело Скопје вчеравечер се крена на нозе за заштита на унитарниот карактер на Македонија, давајќи поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Над 100.000 граѓани ги преполнија скопските улици, од Градската Болница до Палома Бјанка, како што може да се види на снимките. Тие испратија порака дека нема да дозволат разнебитување на државата.

Минувајќи ја познатата маршрута, од Владата до Собранието, со пеење патриотски песни, пароли и развиорени македонски знамиња, граѓаните уште еднаш рекоа „не“ за тиранската платформа и за федерализација на Македонија.