Ретка снимка: Скопје 1975 година

Во Македонија често се дебатира колку пари се трошат на кампањи за промовирање на земјава како туристичка дестинација, како и за тоа колку скапите рекламни спотови и плаќањето на огласување во реномирани странски медиумски куќи дава ефект преку зголемување на бројот на странски туристи.

Снимката од 1975 година покажува дека и додека беше дел од поранешна Југославија во Македонија се снимале промотивни видеа за туристичките знаменитости во Скопје и Охрид.

Иако во Македонија денес има благ пораст на бројот на туристи, земјава е се уште далеку зад рекордните бројки од времето пред осамостојувањето кога земјава редовно ја посетувале над милион туристи годишно.