Мирно за велигденските празници на клиниката за Tоксикологија.

Ниту еден граѓанин не завршил со симптоми на прејадување или труење. Лекарите велат препораките се почитуваат.

За разлика од минатите години кога и кај триесетина пациенти морале да интервенираат во последниве години бројката е намалена. Но, и оваа година не изостанале алкохолните труења и тоа најчесто кај млади лица на возраст помеѓу 18 и 23 години.

Со оглед на тоа што се уште траат велигденските празнувања, лекарите повторно со апел да не се претерува со конзумирање на мрсна храна и јајца, а исто така да се намали и конзумирањето на алкохол.