На Tоксикологија оваа година нема граѓани кои претерале со мрсна храна и јајца

Мирно за велигденските празници на клиниката за Tоксикологија.

Ниту еден граѓанин не завршил со симптоми на прејадување или труење. Лекарите велат препораките се почитуваат.

За разлика од минатите години кога и кај триесетина пациенти морале да интервенираат во последниве години бројката е намалена. Но, и оваа година не изостанале алкохолните труења и тоа најчесто кај млади лица на возраст помеѓу 18 и 23 години.

Со оглед на тоа што се уште траат велигденските празнувања, лекарите повторно со апел да не се претерува со конзумирање на мрсна храна и јајца, а исто така да се намали и конзумирањето на алкохол.