МВР ја потврди сообраќајката во која директорот на МНТ со автомобил удрил 27-годишна девојка

Министерството за внатрешни работи се огласи за сообраќајната несреќа што се случила вчеравечер во Кисела Вода.

Според полицијата, вечерва во 19.20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички управувано од Д.С.(54) удрило во пешакот Е.Ц.(27).

Е.Ц е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома.