Мудрости од Индијанците за посреќен и побалансиран живот

Американските староседелци, Индијанците се познати по тоа што живееле многу балансиран и среќен живот. Тие никогаш не трагале по материјалните работи, но секогаш трагале по хармонијата во душата и чистата совест.

За денес издвоивме неколку прекрасни мудрости од нив, кои ќе ве инспирираат да го преиспитате вашиот живот и ќе ве поттикнат кон поинакви размислувања.

„Не треба да зборувате многу за да ја кажете вистината.“

„Ако си забележал дека јаваш мртов коњ – симни се од него.“

„Оној кој молчи, знае дупло повеќе од оној кој нон-стоп зборува.“

„Не можете да разбудите човек кој се преправа дека спие.“

„Знаењето е скриено во секој предмет. Некогаш одамна, целиот свет бил библиотека.“

„Добо кажан збор е подобар од прецизно фрлена секира.“

„Оној кој лежи со кучиња, ќе се разбуди полн со болви.“

„Внатре во секој човек се случува борба помеѓу злобниот волк и добриот волк. Секогаш победува волкот којшто ти го храниш.“

„Што е животот? Тоа е светлоста во ноќта. Тоа е здивот на биволот кога доаѓа зимата. Тоа е легнатата сенка на тревата која се топи со заоѓањето на сонцето.“

„Кога човекот еден ден се моли, а потоа шест денови греши, Големиот дух се лути, а Злобниот дух се смее.“

„Белиот човек има премногу шефови.“

„Секогаш поздравувај го пријателот кога ќе го сретнеш, поздрави го дури и странецот на осамено место. Почитувај ги сите луѓе, но не се поклонувај никому.“

„Кога човекот се оддалечува од природата, неговото срце се претвора во камен.“

„Тежнеј кон мудроста, а не кон знаењето. Знаењето е минато. Мудроста е иднина.“

„Ако сакаш нешто да кажеш, застани за да те видат.“

„Погледнете ме мене. Сиромашен сум и гол. Но, јас сум водачот на својот народ. Нам не ни се потребни богатства. Ни само сакаме да ги научиме нашите деца да бидат праведни. Ние сакаме мир и љубов.“

„Зошто го земаш со сила тоа што можеш да го земеш со љубов?“

„Се на оваа земја има своја цел, секоја болест има билка што може да ја излечи, а секој човек има свој повик.“

„Во душата нема да има тага, ако очите нема солзи.“