Во 15 часот вчера во полиција било пријавено дека во Скопје во комплексот„Мајка Тереза“ од страна на непознат сторител била извршена  кражба на пиштол марка „Глок 17“ кој му припаѓал на 31-годишниот  И.Х.

Имено, додека тој седел во ходникот од болнички објект, сторителот му ја земе ташничката во која бил пиштолот и била оставена на клупата, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.