Му го украле автомобилот за превоз на мигранти: Србин откри детали од драмата во Грција

Србин на фејсбук групата „Грчка инфо“ објави дека му бил украден автомобилот од паркинг во Солун, но за среќа бил пронајден од страна на полицијата.

- Здраво. Јас сум сопственикот на возилото кое беше пронајдено и вратено. Не сакав ништо да објавам доека не заврши потрагата и не се вратиме дома. Би сакал да ѝ се заблагодарам на грчката полиција која го пронајде автомобилот. Возилото било користено за превоз на мигранти и поминало 2.500 километри додека не беше најдено. Благодарност до полицаецот кој се обидел да го запре автомобилот. Возачот се обидел да бега, но притоа имал сообраќајка и го оштетил возилото. Треба да се вложи во него за да се среди, подобро така отколку нов автомобил, објави Синиша.