МТСП: Старосна пензија ќе им следи и на оние кои имаат најмалку еден ден работно искуство

Министерството за труд и социјална политика ја соопшти одлуката, старосна пензија да им следува и на оние кои имаат најмалку еден ден работно искуство, но не и за граѓаните кои немаат ни еден работа.

На оваа одлука на Министерството за труд реагираа граѓаните кои немаат стаж и кои ценат дека дел од населението е дискриминирано. Тие бараат државата да се грижи за сите постари лица без разлика дали имаат или немаат работно искуство, пренесува Алсат-М.

Некои од граѓаните сметаат дека не е праведно лицата кои никогаш не работеле да добиваат старосна пензија бидејќи на тој начин ќе се зголеми бројот на пензионери, а ќе се намалат пензиите на оние кои навистина ги заслужуваат бидејќи во животот работеле.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека овој предлог не е дискриминаторски за оние кои не работеле, бидејќи се подготвувале реформи во социјалната сфера.

„За оние кои немаат ниеден ден работно искуство предвидена е социјална реформа и за нив се предвидени минимални приходи. Можноста за добивање на социјална пензија се дава за да се обезбеди заштита на група граѓани кои поради транзициониот период не успеале да го постигнат условот за лично пензионирање.“ –Министерство за труд и социјална политика.

Во Македонија има околу 310 илјади пензионери, додека новиот закон ќе додаде најмалку 6.000 пензионери кои ќе добијат 40% од просечната пензија. Правото на старосна пензија осигуреникот го достигнува кога ќе достигне возраст од 64 години за мажи, односно 62 за жени. Претходно, право на пензија имаа само оние кои имаат над 15 години работно искуство. Оваа мерка се очекува да ја чини државата 450 милиони денари, а пари ќе се обезбедат во буџетот за следната година.