МТСП: Од јануари тројно се зголемува социјалната помош

Три пати поголема социјална помош, како гарантиран минимален приход, за најголем дел од семејствата во социјален ризик.

Преквалификација и доквалификација на работоспособните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд и да излезат од сиромаштија, како и олеснување на пристапот до детски додаток, предвидува реформата на социјалниот систем што треба да почне да се применува од 1 јануари наредната година. 

Државниот завод за статистика, денеска ги објави податоците од Лаекен анкетата според кои стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2017 година изнесувала 22,2 %, а како основа за пресметките на сиромаштијата се користени приходите од 2016 година.