Момче со оштетен слух продава цвеќиња да му помогне на момче кое боледува од рак

Секој ден во Македонија се појавуваат приказни од кои ќе направи да ви врне во душата. Таква е приказната и за Бубе, момче кое има оштетен слух но продава цвеќиња за да му помогне на друго момче кое боледува од канцер на лимфни жлездии трба да отпатува на операција во Турција. Заедничко за овие наши херои е што државата за нив не мрднала со малиот прст да им помогне. Оваа трогателна приказна ја раскажува мајката на Бубе, Валентина Дукова за порталот „Еспресо“

Валентина раскажува дека Бубе веднаш штом го видел апелот за Александар цвеќињата наместо да ги продава за себе се одлучил сите пари што ќе ги собере од нивната продажба да ги намени за Александар. Цена немал ставено, кој колку мисли дека треба да ги купи ја уплаќал таа сума.

„Бубе е многу емотивно момче, сака секому да помогне и пресреќен е кога ќе израдува некој. Тој има повеќе свои хобија , како што се грижата за животните, за цвеќињата, црта портрети …Многупати ги изненадува своите пријатели, роднини, со портрет за некој нивни повод. Така беше и овојпат. Бубе си одгледува цвеќиња , најмногу циклами и кактуси, а по разговор со својот брат Никола дека се собираат пари за неговиот уличишен другар Александар Планојевиќ, кој боледува од канцер на лимфни жлезди, и дека треба на 19 март да замине за Турција кадешто треба да му се изврши трансплатација на коскена срж, веднаш донесе одлука. Така, сите свои цвеќиња наместо да ги продава за себе, ги објави за продажба, но без цена, значи, кој колку сака да донира и сите собрани средства да ги уплати за Александар. Објавата беше во Фејсбук групата Дворчето, бидејќи таму има многу свои обожаватели, бидејќи таму е најредовен со свои објави и совети за цвеќиња. И веднаш се јавија многу членови од групата и наши сограѓани, покрај тоа што купуваа цвеќиња многу и донираа на бројот за донација …А и објавата на Бубе беше споделена од над 100 членови на групата“ вели Валентина

Мајката вели дека Александар веднаш штом ја видел оваа објава му има пишано на Бубе и му се има заблагодарено но и дека не можел, а да не се расплаче на таквиот гест.

„Бубе има околу 50 саксии за продажба и речиси сите ги продаде за два дена, но сега веќе се на продажба нови саксии со цвеќе. Парите од првата акција веднаш беа уплатени на донаторската сметка за Александар, така ќе биде и со оваа втора акција на продажба на цвеќе. Александар, откако ја прочитал објавата на Бубе , веднаш му напиша порака, му се заблагодари многу, кажа дека не можел а да не се расплаче. Најмногу го трогнало тоа што момче кое исто така чека државата да му ги реши проблемите за набавка на неопходните слушни апарати, веднаш одлучиило несебично да ги донира своите цвеќиња за друго момче, да собере колку може повеќе средства кои за него многу значат“ раскажува Валентина