Месечен хороскоп за март 2024: Рак

Март ви носи нов пристап во љубовта, но и напредок на полето на кариерата.

Работа

Хороскопот за февруари ви најави потенцијална финансиска добивка, а сега март го носи финансискиот успех кој ви беше најавен. На 9 март, Меркур влегува во Овен што ве поттикнува да побарате покачување или унапредување. Ќе ви биде лесно да ги комуницирате своите потреби и заслуги на работното место, а тоа ќе помогне да бидете и соодветно слушнати од своите шефови. 

Со почетокот на пролетта и сезоната на владеење на Овните, се отвора голема можност за успех на полето на кариерата. Амбициозни сте и точно знаете што сакате, па ова за многу Ракови може да донесе нова работа и секако продуктивност. 

Но, со полната Месечина на 25 март, ќе бидете потсетени на важноста на одморот. Добро е да бидете активни и посветени на своите цели, но паузата и одморот се клучни за да можете да функционирате. Не заборавајте на тоа.

Ова поле за вас е област во која мора да постои ред, работа и дисциплина, а таков ќе биде вашиот пристап во текот на месецот. Тоа ќе ви донесе конкретни резултати, но и награди и признанија. Ако се соочите со отежнувачки околности, имајте на ум дека не зависат сите работи секогаш од вас. Ова е и месец кој ви носи бонус, некаква финансиска награда и генерално, пари кои не сте ги очекувале. 

Љубов

Овој месец ви носи нови навики во љубовта. Дали можете јасно да ги изразите своите емоции или пак секогаш криете по нешто? Вие сте талентирани и убави, но некогаш претерано чувствителни. Младата Месечина на 10 март ви носи интензивни чувства за кои ќе треба да најдете соодветен начин за соочување. Слушајте ја вашата омилена музика, прочитајте љубовна книга или пак пишувајте во својот дневник. Ден потоа, кога љубовната Венера ќе влезе во Риби, ќе почнете да го преиспитувате својот пристап кон љубовта. Некои Ракови ќе изберат страст, наместо одговорност. Што и да значи тоа, изберете го најдоброто за себе, но  и застанете зад својот избор.

На крајот на месецот, астероидот Веста кој е поврзан со сексуалноста би можел да ве поттикне брзо да се заљубите во некоја личност. Немојте да бидете изненадени ако брзо почнете да развивате чувства за некој кој можеби и не сте го забележувале. 

Оние кои се слободни би можеле да стапат во врска со кој  е зафатен или во комплицирана љубовна ситуација. Таквата одлука би можела да ви донесе непријатност и разочарување.

Здравје 

Потребно е да промените одредени навики поврзани со здравјето.