Месечен хороскоп за март 2024: Бик

Март ги поправа односите во вашите пријателства.

Работа

За време на февруари, вашиот хороскоп ве потсети дека сте похрабри отколку што мислите. Имајте го ова на ум кога планетата на комуникацијата Меркур ќе премине во храбриот Овен, осветлувајќи ја вашата последна куќа на потсвеста. Тоа може да ви донесе вознемиреност околу вашите работни задачи и во комуникацијата со колегите, но имајте на ум, дека не е ништо до вас. Виновни се планетите. Ако ви е потребно повеќе да работите сами и да се оддалечите од другите, направете го она што е најдобро за вас.

Младите месечини за период за нови почетоци, а младата Месечина во Риби на 10 март ве поттикнува да заборавите на работата и да им се јавите на пријателите. Ако ги занемаривте во изминатиот период, поради своите обврски, сега е време повторно да им покажете колку ви значат. Лути сте им? Дали навистина вреди да чувате бес во себе?

Ова е месец во кој финансиите би можеле да ви прават проблем, бидејќи многу пари ќе ви одат на долгови и сметки. Меѓутоа, ова е период и во кој ве очекува одлична заработка, па затоа бидете внимателни да го задржите балансот. Неопходно е малку да заштедите или да размислите за осигурување. 

Приходите ќе бидат подобри во вториот дел на месецот, а особен успех ги очекува оние Бикови кои работат на полето на сообраќајот, трговијата, патувањата и обуките. 

Љубов

Венера влегува во Риби на 11 март, а овој транзит е особено важен за оние Бикови кои се среќни во љубовта. Не ги занемарувајте своите пријатели. Без оглед на тоа дали сте посветени кон градење хармонија меѓу љубовниот живот и пријателствата или пак работата, важно е во овој период да не заборавите на луѓето кои ви даваат поддршка. На 21 март, Сонцето влегува во Овен, а тогаш го означуваме и почетокот на пролетта. Поставете граници.

Кога Марс ќе и се придружи на Венера во Риби на 22 март, ќе бидете под искушение да покажете лутина кон своите сакани, но не паѓајте на тоа. За време на полната Месечина на 25 март, што може да ви донесе дополнителен бес и лутина. Најдете време за одмор и релаксација во овој период. 

Ако сте во врска, партнерот би можел значајно да влијае на вас, што може да ви дојде како забелешка од некои ваши пријатели. Но, потрудете се да бидете отворени и да не заборавате на своите потреби. 

Вториот дел од месецот носи повеќе среќа за слободните Бикови. Можно е да излегувате повеќе, а така и да запознаете некој кој ќе ви се допадне. Не ги избегнувајте Рибите и Јарците.

Здравје 

Можна е напнатост. Потрудете се да најдете начин да се опуштите.