Месечен хороскоп за април 2024: Јарец

Април е месец за одмор.

Работа

Добредојдовте во април. Минатиот месец, ѕвездите побараа од вас да поставите баланс меѓу работата и личниот живот, со цел да бидете попродуктивни на долг рок. Но, изгледа дека ја немате научено таа важна лекција, па така, таа продолжува и во текот на овој месец.

Вашата амбиција за да постигнете многу, но и да покажете издржливост може да ве донесе до фаза на исцрпеност, па затоа ќе треба да бидете внимателни. Ако имате сопствен бизнис, ќе треба да внимавате колку барате од другите, бидејќи така лесно може да дојде до конфликти. Оние Јарци кои работат со странство или во сферата на трговијата, можат да очекуваат успех. Се зголемува и бројот на патувања во текот на април.

Првите две недели од април се благодет за Јарците кои сакаат уште попрецизно да ги дефинираат своите животни цели. Вашата извонредна интелигенција ќе ви помогне да ја редефинирате вашата стратегија за постигнување на вашите цели и да  направите подолгорочен пристап. Вие долго време сте свесни за опасностите од препуштање на импулсите. Иако точно знаете што сакате од животот, знаете и дека Рим не бил изграден за еден ден. За да го добиете она што го сакате, знаете дека треба да се потпрете на трпеливоста. Едно од вашите најголеми оружја е начинот на кој можете да создадете одредена дистанца помеѓу себе и тешкотиите со кои се соочувате.

Меркур го започнува своето ретроградно патување на 1 април, што значи дека можете да очекувате мал застој во вашите планови. Тоа е одличен момент да сфатите дека не зависат сите работи од вас и да се посветите на одморот. Кога вие ќе признаете дека ви е потребен одмор, тогаш сериозно е. Најдете време за оние работи кои ве прават среќни и потрудете се малку да заборавите на работата во попладневните часови. Дополнителен поттик ви дава Венера која на 4 април влегува во Овен. Не дозволувајте работата да ви биде најголем извор на стрес.

На 8 април, младата месечина ќе ве поттикне да излезете од зоната на удобност и да истражувате нови хоризонти. Под нејзино влијание, ве очекуваат многу важни настани, состаноци, па и патувања. Во наредните денови ќе бидете исполнети со љубопитност, а патиштата што ќе ги истражувате треба да ви помогнат да ја видите вашата ситуација во ново светло. Треба брзо да се појават нови решенија за вашите проблеми.

Со почетокот на сезоната на Биковите на 21 април, можете да очекувате раст и успех. Но, важно е да работите попаметно, а не понапорно. Она што ќе ве прави среќни во овој период е вашата банкарска сметка. Кога Венера ќе влезе во Бик на 29 април, ќе почнете да ги забележувате резултатите од својата работа, а тоа ќе ви донесе сигурност и самодоверба.

Љубов

Доколку моментално сте во врска, можете да очекувате од партнерот да ви понуди некој здрав совет. На крајот на краиштата, кој е во подобра позиција од нив да знае што сакате и што навистина би ви одговарало? Останете отворени за она што имаат да ви го кажат.

Слободните претставници би можеле да запознаат нова личност на почетокот на месецот. Најверојатно станува збор за Овен или Бик. Ако не сте сигурни како се чувствувате, оставете времето да ви ги покаже своите чувства, но не се откажувајте лесно од љубовта.

Очигледно немате од што да се плашите од овој месец април. Со поддршката од Сатурн, Нептун и Уран, можете да очекувате емоционална рамнотежа во која ќе уживате во текот на следните неколку недели.На 23 април, астероидот Џуно, кој е познат како астероид на посветеноста влегува во вашата осма куќа на интимност. Тоа значи дека можно е да се заљубите во некоја нова личност или пак да најдете нова длабочина и интимност, доколку сте во врска. Два дена подоцна, на 25 април, Меркур го завршува своето директно патување и сега веќе можете да здивнете. Се намалуваат недоразбирањата и конфликтите во врската и љубовта се враќа во воздухот.

Најубав ден за љубов е 3 април. Ова е ден кој ви најавува огромни промени. Ако сте во врска, ќе успеете да ги намалите тензиите во вашиот однос. Марс ве повикува да се посветите на зачувување на врската, а Плутон ве поддржува да направите суштински промени.

Ако сте слободни, ќе бидете охрабрени да направите мала пауза и да размислите што е она што најдобро функционира за вас на ова поле. Голем дел од Јарците веќе нема да сакаат да трошат време на љубовни односи кои не ги носат никаде.

Здравје

Склони сте кон повреди, бидете внимателни.