Мажот без жена е осуден да трага по невозможното, стих отсечен од песна која нема мелодија...

Без оглед на тоа дали е најголем заводник или вечен ерген, тој е најголем во очите на својата жена, кога ќе се огледа во одразот на љубовта која ја чувствува кон неа. Таа кон него.

Мажот без жена е кариерист. Ладен и пресметан бизнисмен. Или средновечен осаменик, кој се лаже самиот себе дека така сакал. А не сакал.

Тој е повреден и тажен. Осамен, но и уплашен, само што тоа не се гледа тоа на прв поглед. Нашето општество за вистински маж го признава оној кој ги крие солзите, чувствата и потребите. Во спротивно не е доволно машко. Слабак е. А всушност сите мажи се такви. Ранливи и копнеат да сакаат некого.

Мажот без жена е стих отсечен од песна, која сега нема ни мелодија, затоа што еднакво вреди и за жените кои остануваат без него.

Во утрата во кои кафето се пие во пар, мажот без жената е заспан споменик кој безволно чита весници. И онака би ги читал, но таа да го гледа отспротива. Жената со која утрата се поинакви и поубави. Ноќите би ги боела со топлината на чувствата кои ги има за него. А вака е препуштен на своите несоници и ги остава тие да ги водат борбите наместо него. Затоа бега со тоа што се дави во промилите алкохол и некои други жени. Повторно жени, затоа што што би правел тој без нив?

Мажот без жената не тежи доволно, затоа што амбициите му се помали. Жената е личноста која најмногу го охрабрува и верува во него, дури и кога тоа не оправдано. И секогаш му вели дека може повеќе и дека вреди повеќе. Мажот го знае тоа. Затоа и велат дека зад секој успешен маж стои уште поуспешна жена.

Помалку е свесен за потребата да се грижи за другите, затоа што и за емпатијата му е потребна жена. Таа е таа која го избира, но го остава да мисли дека таа е негов плен, знаејќи дека секој маж сака да освојува. Место, територии, срце, се се тоа полиња во кои мажот сака да доминира. А без жената не би го имал тоа. Нема ни вака, но често не е свесен за тоа.

Без жената не би бил свесен за улогата на татко, иако можеби би бил татко. Тоа речиси секој го може, но за да бидеш татко е потребен и карактер.

Мажот без жената би бил осуден да трага по невозможното.

Празна соба во која може да се живее, но во која тешко се дише, затоа што на просторот му недостасуваат многу работи за да внесат живост во него.

Свесно го истакнувам тоа дека потребата е обострана, затоа што жената и мажот се тоа што се токму поради сјајот во туѓите очи и вербата дека тие навистина можат да бидат вредни за љубов.