Има силна хемија, а потоа мажот одеднаш губи интерес: Што навистина се случува?

Хемијата е силна, се чувствувате дека има поврзаност. Почнува да ве фаќа возбуда и си мислите: Можно ли е да го пронајдовте вистинскиот? Тогаш нешто се менува. Мажите се програмирани да сакаат лов. Убаво им е кога некоја нова жена мисли дека се привлечни, паметни, неодоливи. Тие прават сѐ што можат за да ја добијат таа жена. Но, кога ќе покаже интерес и кога ќе го добие внманието, повеќе нема што да докажува. Неговиот страв од посветеност се појавува и неговиот прв инстинкт е да бега. Така се насочува кон следното освојување за повторно да си го нахрани егото. 

Мажите на кои им се потребни нови освојувања за да си го нахранат егото се несигурни во себе. Тие губат интерес кога жената ќе изгуби интерес, затоа што на одредено ниво се чувствуваат недостојни. Тие мораат да одат во потера и да најдат друга жена за повторно да се чувствуваат убаво. Познавам еден маж кој еднаш ми рече дека секојпат кога ќе видел дека ѝ се допаѓа на некоја жена, помислувал дека нешто не е во ред со неа. Неговата несигурност во себе го натерала да го губи интересот за жена која навистина го сакала, само затоа што не се чувствувал достоен за љубов. 

Мажите кои влегуваат во оваа категорија се емоционално недостапни и никогаш не ни сакале да бидат во врска. Па како можете да ги избегнете овие мажи и да привлечете сигурни мажи кои сакаат да се поврзат и да се посветат? Не паѓајте на мажи кои веднаш ви ветуваат сѐ и сешто и кои ви ги симнуваат сите ѕвезди. Со вистинскиот, сигурен маж, тоа не е потребно. Побарајте грижлив маж. Маж кој е сериозен околу врската нема да ви ги покаже чувствата сѐ додека не ве запознае и одлучи дека вие сте вистинската.

Како да изградите привлечност?

Треба да сакате да изградите доволно привлечност во разни периоди од врската, за тој да се чувствува доволно силно за да ви се посвети. Кога тој ќе донесе одлука да ви се посвети, тогаш тој дефинитивно е ваш. Како да ја изградите привлечноста? Мажите се заљубуваат врз основа на тоа како се чувствуваат со жената. Ако постојано го прашувате каде е и што прави, тој ќе почне да се повлекува. 

Бидете самоуверени, разиграни и сигурни во себе. Забавувајте се. Смејте се. Направете да се чувствува добро во ваше друштво за да сака да гледа иднина со вас. Бидете најдобра верзија на себе. Личност која се опушта со пријателите и се забавува. Не бидете луда, несигурна верзија која постојано се прашува дали е доволно добра за него. Не дозволувајте емоциите да го извлечат најлошото од вас. Ако се чувствувате несигурно, излезете и забавувајте се со пријателите. Нека се потруди ако сака да допре до вас. 

Важно

Ако премногу размислувате за иднината, тоа ќе го исплаши. Ако изгуби интерес и се повлече, оставете го. Не влегувајте во драми. Сфатете дека не можете со сила да го терате да ве сака. Ако тој е вистинскиот за вас, ќе сфати што му недостасува и ќе се чувствува доволно сигурно да се врати, затоа што знае дека не го туркате и не го терате на сила да прави нешто што не сака.