Матјаж Брумен заминува од РК Вардар

Според словенечките медиуми, РК Вардар ги отвора излезните врати за десното крило Матјаж Брумен.

Имено, 33 годишниот Словенец веќе го договорил својот трансфер со РК Горење од Словенија и по завршување на сезоната ќе ги смени клупските бои. Веројатноста за реализација на овој трансфер коинцидира со најавите на РК Горење за сериозно засилување на своите редови со искусни играчи, како што беше случај со неодамна договорениот трансфер на вардаровиот пивот Алем Тоскиќ кој истотака од јуни се сели во словенечкиот ракометен гигант.

Испразнетата позиција во „црвено-црните“ редови веќе е пополнета. Според последните информации раководството на РК Вардар веќе ги договорило деталите околу трансферот на хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ за наредната сезона.