Мартинка од Гинисовата книга ќе биде изложена во Скопје

Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ организира меѓународна изложба посветена на традиционалниот украс, мартинките.

Овој настан е дел од активностите по повод меѓународна апликација до УНЕСКО за признавање на мартинките како светско културно наследство. Свеченото отворање е закажано за утре (1 март, вторник) во 12 часот на вториот кат од ТЦ „Сити мол“.

На изложбата ќе биде прикажана и најдолгата мартинка во светот која со должина од 17 км е влезена и во Гинисовата книга на рекорди. Ќе присуствуваат и гости од културни институции од Бугарија, Србија и Романија.