Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Циклусот од 24 документарни паноа го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до нејзината канонизација.

Реализацијата на изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје.

Изложбата е претставена во повеќе градови во земјата и во странство, а посетителите ќе можат да ја посетат од 8 до 31 март 2024.